Дома Топ вести Од Германија најавуваат пресврт: Пропаѓа трансферот на Боатенг?!

Од Германија најавуваат пресврт: Пропаѓа трансферот на Боатенг?!

boateng

Ситуацијата на трансфер пазарот се менува од час во час. Посебно кога доаѓа фото-финишот, денес во Англија е токму така.

Жером Боатенг повторно е тема на светските медиуми, Утрово се најави дека неговиот трансфер во Пари Сен Жермен е на повидок, а сега реномираниот новинар на германски „Скај“ Торбен Хофман пренесува дека од овој трансфер на Боатенг сепак нема да има ништо. Имано, Хофман тврди дека проблем е високата оштета која ја бара Баерн. Не дека ПСЖ сака да се „ценка“, туку поради тоа што овој трансфер на ПСЖ би можел да му донесе проблеми со ФФП (финансискиот фер плеј).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во превод, ПСЖ не смее да потроши 50 или повеќе милиони, а според некои извори Баерн нема намера да го пушти Боатенг под таа сума, иако „Ле Паризиен’ тврдеше дека клубот од Минхен прифатил оштета во износ од 45 милиони евра.

Во краен случај прашање е дали ПСЖ може да оди и до тој износ со оглед дека првата понуда која беше веднаш одбиена изнесуваше 25 милиони евра.

Ќе потсетиме, Боатенг претходно го одби Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…