Дома Фудбал Ако Кутињо не „стане“ Португалец, Барса ќе има сериозен проблем

Ако Кутињо не „стане“ Португалец, Барса ќе има сериозен проблем

Доаѓањето на Артуро Видал сигурно ги израдува навивачите на Барселона, но и зададе нови главоболки на администрацијата на клубот.

Со доаѓањето на Видал, Барселона го надмина дозволениот лимит од три играчи со пасоши надвор од европска унија – тоа се Видал, Малком, Артур и Кутињо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега „клучот“ е во рацете на Кутињо. Имено, веќе неколку месеци трае процесот за добивање на државјанство од Португалија, бидејќи неговата сопруга е Португалка, па Бразилецот има право на пасош.

Каталонците не сакаат било кој од трите засилувања да „извисат“ за мечот од Суперкупот против Севиља, па се надеваат дека до тогаш ќе биде решен проблемот со Кутињо.

Јери Мина и Марлон Сантос се исто така дел од првиот тим кои немаат пасоши од Европска унија, но двајцата се на излезна врата од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…