Шампионот на Европа ја заврши турнеата во САД со триумф над Рома. Утрово на „Метлајф Стадионот“, избраниците на Хулен Лопетеги со 2-1 ја победија „волчицата“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повторно во центарот на вниманието беше напаѓачкиот тандем Бејл-Асенсио кој ги постигна двата гола за Реал Мадрид. Резултатот беше отворен веќе во 2. минута. Бејл извонредно го проигра Асенсио кој рутински ја затресе мрежата на Рома за 1-0.
Во 15-та минута од мечот Бејл донесе предност од 2:0, а Стротман го постигна голот за Рома во 83-та минута.