Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс од новата сезона во НБА лигата ќе настапува за ЛА Лејкерс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џејмс со Лејкерси потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари, што значи дека по неговиот истек ќе има 37 години.
Сепак, прилично е јасно дека Леброн тогаш нема да ја заврши кариерата, а на прашањето за враќање во Кливленд даде интересен одговор.
„Ниедно поглавје во книгата не го затворам во целост.“ – порача Џејмс, кој така остави можност и по трети пат да заигра за Кливленд.
Џејмс прв пат го напушти Кливленд во 2010 година кога премина во Мајами и освои две титули, а потоа во 2014. се врати во старото јато и освои една титула.
Во дресот на Лејкерс, Џејмс би требало да дебитира на 30 септември против Денвер.