Дома Топ вести Луди вести од Шпанија: Пари Сен Жермен спреми 320 милиони евра за хрватскиот тандем!?

Луди вести од Шпанија: Пари Сен Жермен спреми 320 милиони евра за хрватскиот тандем!?

Луди вести ни пристигнуваат од Шпанија!

Според информациите на шпанскиот медиум „Дон Балон“, супербогатиот ПСЖ е спремен во своите редови да ги доведе Иван Ракитиќ и Лука Модриќ, а за таа цел „светците“ наводно обезбедиле 320 милиони евра!

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ситуацијата со Модриќ и Интер е жешка тема во фудбалскиот свет и се поголеми се шансите да гледаме сапуница до самиот крај на летото, а сега барем според информациите на „Дон Балон“ во трката за овој фудбалер влегува и Пари Сен Жермен.

Од друга страна, Барселона се поврзува со Пол Погба кој би бил големо засилување за Каталонците, но сепак тешко е да се поверува дека шпанскиот гигант ќе се откаже од услугите на играч каков што е Ракитиќ.

Кога во прашање се поединично сумите за играчите, „Дон Балон“ пишува дека Насер Ал-Келаифи е спремен на Реал да му плати 220 милиони евра, додека на Барса за Ракитиќ сума од 100 милиони евра.

Сепак, во овој момент ваквите најави не изгледаат реално, но денешната ситуација на трансфер пазарот веќе не навикна неверојатни сценарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…