Дома Фудбал Англија Челзи ја продолжи праксата: Педро го продолжи договорот! (видео)

Челзи ја продолжи праксата: Педро го продолжи договорот! (видео)

пдФудбалерот на Челзи денес потпиша нов договор.

Шпанскиот фудбалер кој во Челзи пристигна во 2015 година, Педро денес потпиша нов договор со „сините“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Претходниот договор на Педро истекуваше во 2019 година, а сега ја продолжи соработката со клубот на уште една година, до 2020. Ќе потсетиме во Челзи пракса е на играчите кои се постари од 30 години да им се даваат договори на една година. Исклучок беше само Оливие Жиру кој беше доведен минатата сезона.

„За мене е важно да останам во Челзи, тука ми е убаво и сакам да освојувам трофеи со овој клуб. Сакам да му помогнам на тимот, да постигнувам голови и ќе ви повторам, среќен сум“, изјави Педро.

Овој 31 годишен фудбалер до овој момент за Челзи настапи на 131 натпревар и постигна 28 погодоци. Во текот на сегашните припреми игра одлично и се запишуваше во листата на стрелци против Перт Глори и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси во Мајами го запозна човекот по кого го добил своето име Леонел: Мајка ми ќе биде пресреќна

Лионел Меси не крие дека ужива во животот во Соединетите Американски Држави и речиси секој…