Дома Топ вести Се брзо се заврши: Видал до крајот на денот станува играч на Барселона!

Се брзо се заврши: Видал до крајот на денот станува играч на Барселона!

Се беше брзо завршено…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барселона не успеа да доведе некој од Рабио, Де Јонг, Алкантара, Погба, Милинковиќ Савиќ...Но успеа Артуро Видал!

До крајот на денот се очекува официјална потврда за трансферот на Чиленаецот на „Камп Ноу“. Трансферот ќе изнесува помеѓу 20 и 30 милиони евра. Барселона лесно постигнала договор со Баерн, а уште полесно со Видал на кого му обезбедила плата од 7 милиони евра по сезона плус еден преку бонуси. Во Баерн Видал добиваше осум, а Интер му нудеше пет. Во недостаток на подобри опции, Видал прифати трансфер во Интер, но се додека не се појави Барселона.

 

Многумина се изненадени од трансферот бидејќи Видал баш и не е тип на играч кој се вклопува во стилот на игра на Каталонците. Но причини постојат.

Пред се Валверде добива замена за Паулињо на што инсистираше. Клубот не се консолутираше со него при продажбата и сега мораше да му излезе во пресрет.

Видал е сличен играч на Пулињо, а на Барса и е потребен играч од средината со „војнички менталитет“ за кого изгубена топка не постои.

Медиумите најавуваат дека Видал уште денес ќе пристигне на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…