Tренерот на Јувентус Масимилијано Алегри на прес-конференцијата после натпреварот против МЛС тимот во кој неговиот тим славеше на пенали, зборуваше за трансферите на Игуаин, Бонучи и Калдара.
Целата зделка денес ќе биде комплетирана, па беше јасно дека на конференцијата токму тоа ќе биде главната тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Леонардо се враќа после една година, тој е важен играч за нас. Калдара од друга страна е млад и заедно со Ромањоли и Ругани е еден од тројцата најдобри млади италијански стопери. Жал ми е, но ситуацијата не принуди да го продадеме. Кога во прашање е Игуаин, му се заблагодарувам за изминатите две години. Милан купи одличен напаѓач“, изјави Алегри.
Да потсетиме, во текот на денешниот ден се очекува сите тројца фудбалери да ги поминат медицинските прегледи по што ќе следи потпишување на договорите.
"#Higuain in due anni con noi ha dato tutto. Spiace per #Caldara, ma il mercato ci ha obbligato a cederlo" ⚽️
Le parole di #Allegri dopo la maxi operazione con il #Milan ?️?https://t.co/0Kycqh6QDS— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 2, 2018