Францускиот фудбалер, Самир Насри повторно доби лоши вести.
Поранешниот играч за врска на Арсенал и Манчестер Сити се соочи со супсензија бидејќи во 2016 година додека играше за Севиља му биле извршени третмани во клиника во Лос Анџелес, каде што му би вбризгувани имунолошки средства за побрзо да се опорави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата терапија е забранета од Светската антидопинг агенција.
Французинот во февруари оваа година беше казнет со шест месеци неиграње, а ФИФА казната му ја продолжи до јануари 2019 година.
Насри пред суспензијата беше под договор со Анталиспорт, освен за Сити и Арсенал го носеше дресот на Марсеј и Севиља.