Дома Фудбал Претставена официјалната топка за новата сезона во Лигата на шампионите (фото)

Претставена официјалната топка за новата сезона во Лигата на шампионите (фото)

На 18-ти септември започнува Лигата на шампионите, а денес на познатата онлајн страница „Footy Headlines“ се појави топката со која ќе се играат натпреварите од групната фаза.

Новиот дизајн на топката „Адидас“ го опиша како дизајн кој претходно „не е виден“.

Со структурата и материјалот наликува на „Телестар 18“, официјалната топка со која се играше неодамна завршеното Светско првенство.

Со цена од 150 евра во слободна продажба се очекува да излезе во август 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…