Новиот голман на Јувентус, Матија Перин синоќа на Твитер објави една сосема обична фотографија која би можела да предизвика тага кај навивачите на Старата дама.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, тој одлучи со фановите да сподели фотографија од турнејата во САД, а на истата се наоѓаат тројцата колеги голмани.
Нормално, кога е во прашање голот на Јувентус, навикнавме дека на него стои само еден човек во изминатите 17 години – Џиџи Буфон, но очигледно дека времињата се променија, па мора да се навикнеме на Јуве без Буфон.
Само е прашање колку навивачите на Старата дама ќе се помират со тој факт…
Goalkeepers Team ? #Training pic.twitter.com/NQl9YL8ZN8
— Mattia Perin (@MattiaPerin) July 31, 2018