Тимот на Челзи од доаѓањето на Роман Абрамович промени многу тренери, но кој од нив остави најголема трага?
Антонио Конте минатата сезона ја освои Премиер лигата и ФА Купот со Челзи, а на 106 натпревари оствари учинок од 69 победи, 17 нерешени средби и 20 порази. Тоа го сместува на третото место на листата најуспешни тренери во лондонскиот клуб од доаѓањето на Абрамович и неговите милиони или ако сакате милијарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Второто место му припаѓа на Карло Анчелоти, кој ги водеше „сините“ од 2009 до 2011 година и тој на „Стенфрод Бриџ“ ги освои Премиер лигата и ФА Купот, а Челзи го водеше во 109 натпревари со учинок од 67 победи, 20 нерешени средби и 22 порази.
Далеку пред сите е Жозе Мурињо! Португалецот освои две титули во Премиер лигата, два лига купа, и еден ФА Куп од 2004 до 2007 година, а на 185 натпревари забележа 124 победи.
Мурињо имаше и втор мандат во Челзи од 2013 до 2015 година и тогаш ја освои Премиер лигата со 80 победи на 136 натпревари, значи тој три пати ја освоувал Премиер лигата со „сините“ и е апсолутен крал во ерата на Абрамович.
Зад Мурињо, Анчелоти и Конте е Ди Матео кој ја освои Лигата на шампионите, потоа Гус Хидинiк, Рафа Бенитез кој исто така беше шампион на Европа, Аврам Грант, Клаудио Раниери, Фелипе Сколари и Андре Виљаш Боаш.