Дома Фудбал Атлетико го претстави 70-милионското засилување

Атлетико го претстави 70-милионското засилување

Атлетико Мадрид денес официјално го претстави најскапото засилување за ова лето, Томас Лемар.

22-годишниот Французин пристигна од Монако во трансфер вреден 70 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Многу сум среќен што сум во Мадрид и сакам ова поглавје од мојата кариера да започне на најдобар можен начин“, изјави Лемар.

Лемар денеска на прес-конференцијата призна дека големо влијание на одлуката да потпише за Атлетико имале неговите репрезентативни сонародници Антоан Гризман и Лукас Ернандез.

„Атлетико се интересираа за мене подолго време и по она што Антоан и Лука ми го рекоа, навистина сакав да дојдам тука. Го одбрав Атлетико, бидејќи го сакам клубот и го следам доста време. Секако дека Гризман беше една од главните причини да дојдам тука“, изјави светскиот шампион со Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…