Сите веќе добро знаат дека Кристиано Роналдо во новата сезона ќе настапува во Серија А, во редовите на Јувентус, па во Италија веќе сонуваат и за спектакуларен трансфер на Лео Меси со што би се продолжило нивото ривалство.
Легендарниот напаѓач на Рома, а сега директор на овој клуб на интересен начин ја прокоментира можноста Меси да пристигне во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франческо Тоти никогаш не криеше дека го цени Лионел Меси, дури призна и дека неговиот син е голем фан на Аргентинецот.
Тоти беше запрашан какви се шансите за клубот од италијанската престолнина да го доведе Аргентинецот и на тој начин да се продолжи ривалството помеѓу двајцата најдобри фудбалери на денешницата.
„Ако Меси во некој случај дојде во Рим, лично би го пречекал на аеродром и би му го додели дресот со број десет“, изјави Италијанецот.
Поставувањето на ова прашање е само доказ колку се возбудени навивачите пред почетокот новата сезона во Италија.