Дома Фудбал Фановите на Реал го избраа наследникот на Роналдо

Фановите на Реал го избраа наследникот на Роналдо

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е изборот на фановите на Реал Мадрид за заменик на Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа го покажа анкетата на „Марка“ во која учествуваа повеќе од 200.000 приврзаници на европскиот шампион.

Од 8-те понудени опции најмногу гласови собра токму Хари Кејн, дури 26%, а потоа следуваа Едисин Кавани и Мауро Икарди со 14% гласови.

Ѕвездата на Баерн Минхен, Левандовски имаше 12% гласови, а поранешниот напаѓач на „кралевите“ Алваро Мората доби 8% гласови, додека Родриго од Валенсија само 6%.

5% од анкетираните сметаат дека треба да дојде друг фудбалер, а најмалку гласови доби Роберто Фирмињо, само 2%.

Интересно, во анкетата ги немаше ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Мбапе, како и Еден Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема крај на проблемите: Чуамени повторно ги разочара фановите на Мадрид

Орелиен Чуамени минува низ исклучително тежок период во својата кариера. Ќе биде вистинско…