Дома Топ вести ПОТРЕС НА КАМП НОУ! Големата ѕвезда порача: Сакам да си одам!

ПОТРЕС НА КАМП НОУ! Големата ѕвезда порача: Сакам да си одам!

Само еден ден откако Барселона го комплетираше трансферот на крилниот напаѓач Малкон, една од најголемите ѕвезди на клубот порача дека сака да замине.

Станува збор за Осман Дембеле, кој минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ за тогаш рекордни 115 милиони евра. Французинот откако се опорави од повредата добиваше мала минутажа, особено после доаѓањето на Кутињо.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дембеле не сака да биде алтернатива, па изрази желба да ја промени средината во потрага по поголема минутажа. Меѓутоа, каталонскиот клуб воопшто не ни размислува да се раздели со него.

„Дембеле нема да оди никаде. Тој и Кутињо се наши големи инвестиции, многу се важни за тимот и очекуваме многу од нив оваа сезона. Дембеле е многу млад и талентиран, па веруваме дека оваа сезона ќе биде поинаква за него. Не е лесно да се игра во Барса во првата сезона, бидејќи нашиот стил на игра е поинаков“, изјави претседателот Бартомеу.

Како најсериозни кандидати за потписот на Дембеле се споменуваат Ливерпул, Баерн Минхен и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…