Дома Фудбал Новата бразилска ѕвезда ги воодушеви сите во Реал Мадрид

Новата бразилска ѕвезда ги воодушеви сите во Реал Мадрид

Само што наполни 18 години Винисиус Жуниор направи голем чекор напред со трансферот во Реал Мадрид. Критичарите се прашуваат дали е спремен на толку мала возраст да игра за „кралскиот“ клуб.

Мадридскиот весник „Марка“ денешната насловна страна ја посвети токму на Винисиус со насловот „Vini, Vidi, Vici“ (дојдов, видов, победив), правејќи аналогија со името на Бразилецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Винисиус ги надмина очекувањата уште на првите тренинзи“, пишува весникот кој е близок до Реал Мадрид. „Млад е но многу добар. Ако слуша и учи ќе стане многу добар“, цитиран е еден од фудбалерите на Реал.

Винисиус на престојните пријателски натпревари ќе има можност да го покаже своето знаење и веднаш да се наметне кај Лопетеги како сериозно решение за стартниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Лион го зеде под наем напаѓачот од Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид Ендрик се приклучи на Лион под наем, соопшти прес-службата на фра…