Дома Останати Серена испиша историја во Мелбурн!

Серена испиша историја во Мелбурн!

Серена Вилијамс испиша историја на Австралија Опен освојувајќи ја седмата титула во Мелбурн, вкупно 23-та од грен слем турнирите, со што ја мина Штефи Граф на вечната листа, на тенисерки со најмногу титули на грен слем турнирите во опен ерата.

Покрај рекордот, Серена повторно ја освои и првата позиција на ВТА листата, каде досега се наоѓаше Анжелик Кербер, која не успеа да ја одбрани минатогодишната титула во Мелбурн.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сестрите Вилијамс го одиграа второто меѓусебно финале во Австралија, а како и во 2003 година победи помладата Серена.

Што се однесува до мечот, во првите четири гема ниту една од сестрите не го освои својот сервис, за потоа Серена да освои три гема во низа и да го добие првиот сет со 6:4.

Во вториот сет во првите четири гема тенисерките беа сигурни на својот сервис, иако Венус беше таа која не реализира три топки за брејк во третиот гем.

Клучен за овој сет и за мечот беше осмиот гем кога Серена направи брејк, а потоа со идентични 6:4 го заклучи мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонските тенисерки подобри од Косово

Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја остварија и втората победа во …