Дома Топ вести Потврдено: Бонучи сака назад во Јуве и клубот е спремен да го врати!

Потврдено: Бонучи сака назад во Јуве и клубот е спремен да го врати!

Потврда стигна од спортскиот директор на Јувентус!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леонардо Бонучи е спремен да се врати во Јувентус и повеќе нема никакви дилеми!

Веќе неколку дена наназад на големо се пишува за потенцијалното враќање на Бонучи во Јувентус, а во текот на вчерашниот ден стигна и потврда и тоа од спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота – Бонучи сака назад во „старото јато“!

„Леонардо сака да се врати и сакаме да му излеземе во пресрет“, изјави во текот на вчерашната вечер Марота.

Марота додаде и дека „старата дама“ работи на реализација на трансферот.

„Преговорите се комолицирани. Се обидуваме, им го понудивме Гонзало Игуаин, но не добивме позитивен одговор. Матија Калдара? Тој не е на продажба“, порача Марота.

Сега е повеќе од јасно дека не се работи само за шпекулации. Враќањето на Бонучи во Јувентус е реалност и клубот е спремен да го врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…