Дома Македонски спорт Во Струга се одржа едиричирски Куп!

Во Струга се одржа едиричирски Куп!

Изминатиот викен во организација на Едриличарскиот Клуб Снегар Струга се одржа вториот дел од Ohrid Lake Sailing Cup – Struga на која учество зедоа триесеттина едриличари поделени во 11 едрилици од Охрид и Струга.

Во идеални едриличарски услови со ветар од 6 до 15 чвора беа извозани 4 трки. Во класа минитонец најуспешен беше бродот Marionette со скипер Петар Паунче – Скитник од Акватика Јахтинг Охрид, второто место им припадна на бродот Оливера со скипер Драган Цуца, третото место го освои бродот The beauty of vice од Акватика Јахтинг Охрид со скипер Стефан Ставрев – Дивоно.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во класа микротонци најуспешен беше скиперот Иво Илинчев од ЕК Акватика Охрид Охрид, второто место му припадна на стружанецот Климе Грчески од ЕК Снегар Струга додека третото место го освои Бојан Кавај од ЈК Сирма Струга.

Овој натпревар е дел од Ohrid Lake Sailing Cup кој се одржува во неколку етапи на Охридското езеро, се одржува втора година по ред а оваа година се организира од двата најдобри едриличарски клубови од Струга и Охрид – ЕК Снегар и Акватика Јахтинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…