Дома Фудбал Легендата тврди: Јуве со Роналдо може да ја освои ЛШ

Легендата тврди: Јуве со Роналдо може да ја освои ЛШ

Бившиот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло тврди дека „бјанконерите“ со Кристиано Роналдо конечно ќе го добијат потребниот квалитет за да ја освојат Лигата на шампиони.

„Кристиано Роналдо може да го донесе тоа дополнително нешто, од што Јувентус има потреба. Среќен сум што голем шампион се приклучи на Јуве.Купувањето на таков играч не ви носи ЛШ само по себе, но ве приближува кон целта“, смета Пирло.

„Роналдо е играч кој ја прави разликата и може да му помогне на Јувентус да ја освои Лигата на Шампионите. Тој е врвен играч и ќе видиме нешто убаво“, заклучи легендарниот Италијанец.

Андреа Пирло со Јувентус стигна до финалето во Лигата на шампиони, но загуби од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…