Дома Фудбал Останато Турција застана зад Озил: Браво, најубавиот гол против вирусот наречен фашизам

Турција застана зад Озил: Браво, најубавиот гол против вирусот наречен фашизам

ozil

Одлуката на Месут Озил да се повлече од репрезентацијата на Германија е главна вест во оваа земја, но и во Турција.

Озил во официјално соопштение порача дека се повлекува од репрезентацијата поради расизмот и дискриминацијата на луѓето кои водат потекло од Турција и откри дека неговата положба во репрезентацијата се нарушила после фотографијата со Ердоган.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога ќе победиме јас сум Германец, а кога ќе изгубиме тогаш сум Турчин. Секогаш ме гледале како Германец-Турчин, додека Подолски и Клосе никогаш не ги гледаа како Полјаци, туку само како Германци. Дали е така поради тоа што сум муслиман?“, се запраша Озил.

„Му честитам на Месут Озил, напуштајќи ја репрезентацијата го постигна најубавиот гол против вирусот наречен фашизам“, на својот Твитер профил напиша министерот за правда на Турција, Абдулахим Гул.

Портапролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин изрази жалење кон фудбалерот.

„Голема штета за оние кои се нарекуваат толерантни и мултикултурни“.

Турскиот министер за спорт Мехмет Касапоглу го поддржа Озил со зборовите.

„Браво, брате Озил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…