Во текот на вчерашната вечер Ливерпул го официјализираше трансферот на бразилскиот голман, Алисон Бекер.
Бекер пристигна во Ливерпул за сума од 75 милиони евра (70+5) со што стана најскапо платениот голман во историјата на фудбалот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
При претставувањето Алисон откри интересен разговор кој го имал со Мохамед Салах со кој беше соиграч во Рома.
„Не бевме често во контакт од кога премина во Рома. Се сретнавме повторно во април кога игравме еден против друг во Лигата на шампионите. Вчера ми испрати порака во која напиша: Еј,, што чекаш? Со оглед дека преговорите беа во завршна фаза, му одговорив веднаш: Смири се на вистинскиот пат сме“.
„Навистина сум среќен што повторно ќе имам прилика да играм со него. Не само за тоа што е одличен фудбалер, тој има силен карактер и е одлична личност, што важна работа“, порача Алисон во изјавата за клупскиот сајт.
Mo Salah you absolute legend! pic.twitter.com/WkLEoudI63
— The Redmen TV (@TheRedmenTV) July 19, 2018