Младиот играч ја одби понудата за продолжување на договорот.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Адриен Рабио одби да го продолжи договорот со францускиот шампион.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интерес за Рабио во последно време покажаа Барселона, Јувентус, Арсенал и Тотенхем.
Сепак, по се изгледа кариерата Рабио ќе ја продолжи во Каталонија. Претходно на големо се пишуваше дека фудбалерот ги договорил личните услови со Каталонците и дека останува само да се договорат двата клуба.
ПСЖ бара сума од 40 милиони евра, сумата не е поголема само затоа што неговиот договор истекува наредната сезона, па не сакаат да го изгубат како слободен играч.
Арсенл кој споменавме дека исто така е заинтересиран би можел да им корист и доколку Барселона го доведе во своите редови. Во тој случај Каталонците многу полесно би се откажале од услугите на Андре Гомеш.