Воодушеви во Турција изминатата сезона, можеше да направи трансфер во европските гиганти, но ја избра Кина.
Андерсон Талиска во Бенфика пристигна во 2014 година од Баија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш покажа дека се работи за голем талент, се споменуваше дека Мурињо сака да го доведе во Челзи, но после две години во Лисабон премина на двегодишна позајмица во Бешикташ.
Турците сакаа да го откупат неговиот договор ова лето, но тој се врати во Бенфика за потоа да замине на нова позајмица, овој пат во кинескиот Гвангжу Еверганде.
Фабио Канаваро кој е тренер на Гвангажу покрај него го доби и Паулињо кој веќе играше тука, а како што стојат работите тешко дека некој ќе застане на патот овој клуб во кинеската Суперлига.
На своето деби Талиска постигна запиша асистенција и постигна хет-трик и тоа каков!
Прво на Гоао Лин кој погоди со ножички му асистираше, за потоа во вториот дел да погоди со глава и на два пати со мајсторски удари да го совлада противничкиот удар.
Јасно е дека за него имаше место во Европа, го сакаше Манчестер Јунајтед, но тој ја избра Кина.