Дома Фудбал Откриена трансфер стратегијата на Реал Мадрид!

Откриена трансфер стратегијата на Реал Мадрид!

Според информациите од Мадрид, нарпавена е трансфер стратегијата за трансфер периодот.

До сега пристигна бекот Одризола од Сосиедад, си замина Роналдо, а изгледа дека Перез ќе направи уште само два потези во трансфер периодот. Прв за доведување е Куртоа од Челзи, ќе го платат околу 35 милиони евра, а тој сака поради децата да се врати во Мадрид.

Што се однесува на Еден Азар, Реал не е спремен да го сруши светскиот рекорд за Белгијанецот и би можел да почека до следното лето доколку Азар не го продолжи договорот, ќе биде на година од истекување и ќе биде многу поефтин.

Перез смета дека следната година би можел да ги доведе и Азар и Нејмар. Имено, Бразилецот во овој момент е невозможна мисија, но следната, според некои информации би можел да побара трансфер, особено ако ПСЖ не направи ништо во Европа. Всушност, тоа е единствениот играч за кој Перез смета дека маркетински би можел да го покрие заминувањето на Кристиано Роналдо.

Лопетеги нема ништо против овој план, за него е важно да го задржи шпанското јадро заедно, како и Бејл да остане во клубот. Не сака да се откаже од Бензенма, бидејќи нема слободен напаѓач на трансфер пазарот. Баерн не го продава Левандовсни, а Кејн исто така е нереална желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…