Како што наведува Тутоспорт од извори блиски до торинскиот клуб, старо нов член на Старата дама би можел да стане францускиот репрезентативец Пол Погба.
Иако пред само две години ги напушти Бјанконерите и отиде во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра, наводно Погба е уморен од Олд Трафорд и начинот на работа на Жозе мУрињо и изражил желба да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Желбата е враќање во Јувентус. Погба во редовите на италијанскиот првак стекна име и се промовира во еден од најдобрите играчи во Европа и не е чудно што сака повторно назад.
Неговото доаѓање не е нереално. Агентот Мино Раиола е во одлични односи со раководството на Јуве и наводно им ги понудил неговите услуги.
Дали на крајот Погба ќе се врати во Јуве останува да видиме до крајот на преодниот рок.