Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Во самиот финиш, еве како ФИФА ги подели премиите на Мундијалот..

Во самиот финиш, еве како ФИФА ги подели премиите на Мундијалот..

По 63 возбудливи натпревари во кои видовме многу изненадувања и емотивни моменти, СП во Русија се завршува со денешното големо финале помеѓу Франција и Хрватска.

Натпреварот почнува во 17:00 часот, а тимовите не се борат само за трофеј, шампионската титула, вечна слава и историја, туку и за пари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победничкиот тим ќе заработи 38 милиони долари, три пати повеќе од пред четири години во Бразил. Оваа сума се однесува на комплетниот тим, а за распоредот на тие пари се задолжени националните федерации. Поразните во финалето пак, ќе заработат 28 милиони долари.

Белгија со победата над Англија е побогата за 24 милиони, два повеќе од Гордиот Албион.

Тимовите кои ги зазедоа позициите од до осмото место ќе добијат 16 милиони долари, а оние од 9. до 16. место, по 12 милиони.

Екипите кои не ги минаа групите, ќе добијат по 8 милиони долари.

Тоа значи дека ФИФА ќе подели награди во вредност од 400 милиони долари, односно 42 пари повеќе од пред четири години во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…