Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА „пресече“: Нема повеќе згодни девојки во текот на преносите!

ФИФА „пресече“: Нема повеќе згодни девојки во текот на преносите!

Светското првенство во Русија влегува во самата завршница. Преостануваат само уште натпреварот за трето место и големото финале.

Останува да видиме кој ќе стигне до пехарот, а кој ќе се утеши со бронзата. Сепак едно е јасно е пред овие натпревари – нема повеќе згодни девојки во текот на ТВ преносите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, ФИФА издала наредба на одредени медиуми да престанат да се фокусираат на згодните навивачки во текот на натпреварите, тоа го потврди и Федрико Адиечи, првиот човек на ФИФА за одржливост и различности.

Влијание на ваквата одлука на ФИФА имаше антидискриминациската мрежа „FARE“ која истакна дека сексизмот можеби е и најголемиот проблем на Мундијалот во Русија.

Исто така извршната директор на „FARE“, Пиара Повар порача дека нејзината мрежа забележила 30 примери на вознемирување на женски личности од страна на навивачите во Русија, но смета дека тој број е барем 10 пати поголем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Алонсо ја „отвори вратата“ за заминување на еден од најдобрите во Реал Мадрид

Еден од најперспективните фудбалери на Реал Мадрид, Родриго Гое, би можел да го напушти „С…