Дома Топ вести На Нејмар понудена рекордна плата само да остане во ПСЖ

На Нејмар понудена рекордна плата само да остане во ПСЖ

Во ПСЖ се свесни дека со заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид значи дека првиот човек на Кралевите, Флорентино Перез наскоро ќе тргне во лов на нова суперѕвезда за својот тим.

На врвот на листата, наводно е Нејмар. За потенцијален трансфер на Нејмар во Реал се шпекулира веќе некое време, а наводно ПСЖ ќе направи се до тоа да не дојде.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да потсетиме, Нејмар минатото лето стана најскапиот играч на сите времиња кој за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ, а доколку успеат преговорите со неговиот менаџер, Бразилецот ќе има примања од рангот на оние на Меси во Барса.

Нејмар по доаѓањето во ПСЖ потпиша петгодишен договор по кој заработува 37 милиони евра годишно, но Парижаните сега на преговори ги повикале неговите претставници и наводно се спремни на својата прва ѕвезда да му понудат нов договор и плата која би била во рангот на Меси во Барса, кој со 50 милиони евра годишно е најплатениот играч на светот.

Бидејќи Нејмар нема откупна клазула во договорот со ПСЖ, планот на Реал е да го убеди сам да побара трансфер од својот моментален клуб, пренесува шпански АС.

Доколку овој план не успее, Кралевите наводно имале и план Б, а тоа е да тргнат во реализација на трансфер на втората ѕвезда на ПСЖ, младиот Мбапе кој е седум години помлад од Нејмар, но ништо помалку вреден на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…