Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Јирген Клоп има само пофални зборови за Хрватска

Јирген Клоп има само пофални зборови за Хрватска

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали успехот на репрезентацијата на Хрватска, но исто така и играта на својот дефанзивец Дејан Ловрен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ловрен и неговата Хрватска се пласираа во големото финале на СП, а нивниот резултат е го пофали и големиот Клоп.

„Ловрен одигра фантастичен турнир до сега, многу сум среќен поради него. Неговата земја е мала, но играчите се големи, тоа што го работата е навистина импресивно.“ – изјави Клоп и додаде:

„Луѓето секогаш осудуваат бидејќи не размисулуваат доволно. Откако стигна во Ливерпул направи 3-4 грешки, а не 15-20 како што луѓето зборуваат. Тој е 90 посто од времето на теренот извонреден, пет посто е добар, а пет посто под своето ниво. Сепак, такви грешки прават сите фудбалери.“

Да потсетиме, Клоп и Ловрен минатата сезона стигнаа до големото финале во ЛШ каде беа поразени од Реал Мадрид со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Симеоне има 180 станови и седум згради во центарот на Мадрид

Додека од Диего Симеоне (56) на теренот секоја сезона се очекува да ја измисли повторно иг…