Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички ќе жали што не запиша поубедлива победа, евроглот им дава надеж на Унгарците (видео)

Работнички ќе жали што не запиша поубедлива победа, евроглот им дава надеж на Унгарците (видео)

Македонскиот претставник во Лигата на Европа тимот на Работнички денес забележа победа од 2:1 во рамките од квалификациите за Лигата на Европа, против Унгарски Хонвед.

„Романтичарите“ пред натпревараот посакуваа победа без примен гол, но на крајот ќе мораат да се задоволат со победата од 2:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Работнички до предност стигна во 33 минута со голот на играчот кој беше најистурен во нападот, Петар Петковски.

Гостинскиот тим успеа да стигне до изедначување во финишот на првиот дел и тоа со вистински еврогол од огромна далечина Ѓерѓ Наги.

Победничкиот гол за Работнички го постигна Шарковски после еден час игра.

Во последните десетина минути од натпреварот дебарамаалци имаа неколку одлични прилики за поубедлива победа, но сепак недостсуваше реализацијата.

Реваншот во Будимпешта е закажан за во вторник во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…