Сега е потврдено во текот на ноќта, Барселона му посака добредојде на Бразилецот Артур, нивното најново засилување.
Тој пристигна пред очекуваниот стопер Ленгл, требаше во Греми да остане до декември, но промените во средниот ред, заминувањето на Иниеста ја притиснаа Барса да реагира. Трансферот е вреден 31 милион евра, плус 9 во бонуси. Артур кој веќе има стекнато многу искуство во претходните две години, иако има 21 година потпиша на шест сезони со клаузула од 400 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Артур игра во средниот ред, со ова Барселона се откажа од Сергеј Милинковиќ Савиќ кој беше желба на Валверде. Артур ќе го пополни местото на третиот странец по заминувањето на Паулињо, тука се уште Кутињо и Мина, Колумбиецот исто така би можел да биде продаден и поракај одличните игри на Мундијалот.
Сергеј Милинковиќ Савиќ сега не е приорирет, бидејќи клубот ги сака Вилијан и Азар, а за Србинот нема да има пари, бидејќи е проценет на околу 150 милиони евра.