Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Де Брујн: Имаме се што е потребно за титула

Де Брујн: Имаме се што е потребно за титула

Еден од најдобрите белгијски фудбалери Кевин Де Брујн верува дека неговата репрезентација има квалитет кој е потребен за освојување на светскиот трон.

Моќната и талентирана белгијска генерација би можела да биде крунисана во Русија, но Де Брујн не сака премногу да паднат во еуфорија пред време.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Знаеме дека нашите навивачи од нас очекуваат многу. Имаме единство во тимот, а класата на играчите ни овозможува да се бориме за највисок пласман.“ – изјави Де Брујн и додаде:

„Одиме од натпревар во натпревар и избегнуваме еуфорија, бидејќи не ни е потребна. Сакаме да го победиме секој натпревар и да оствариме максимален можен резултат, а за титулата ќе зборуваме ако дојдеме до финалето. Мислам дека имаме се што е потребно за освојување на Мундијалот.“

Да потсетиме, Белгија и Франција својот полуфинален натпревар го играат вечерва со почеток во 20 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Осудија Карло Анчелоти на една година затвор

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти беше осуден на една година затвор за даночна измама во…