Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „ФИФА е корумпирана, Мундијалот е полн со национализам“…

„ФИФА е корумпирана, Мундијалот е полн со национализам“…

Планетарно популарниот англиски музичар Стинг не е многу воодушевен од успехот на англиската репрезентација на Светското фудбалско првенство кое се одржува во Русија, бидејќи клупскиот фудбал повеќе го сака од „националистичкиот“ светски турнир кој го организира „корумпираната“ ФИФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Поради тоа повеќе сакам да гледам клупски фудбал“, изјави Стинг за германскиот весник Welt am Sonntag, кој е страстен обожавател на Њукасл Јунајтед.

„Светското првенство е премногу обележано со национализам“, додава 66-годишниот музичар.

Бившиот лидер на култните Police не е среќен поради одлуката на ФИФА организацијата на овогодинешното Светско првенство да им ја додели на Русите.

„Тоа беше фарса, после постапката за кандидатура се појави човекот наречен Путин и ги среди работите“, додава Стинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Еве кој клуб ќе има најмногу фудбалери на Светското првенство: Срушен нов рекорд

СВЕТСКОТО првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, започнува на 11…