Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мегвајер сега и се „одмазди на Шведска – за се е виновна една ламба од ИКЕА! (фото)

Мегвајер сега и се „одмазди на Шведска – за се е виновна една ламба од ИКЕА! (фото)

Репрезентацијата на Англија денес со 2:0 ја совлада Шведска во четвртфиналето на Светското првенство во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова беше голема победа за Англија која сега очекува голем успех на Мундијалот, а еден од најзаслужните за победата беше дефанзивецот Хари Мегвајер.

Имено, Мегвајер во 30 минута го постигна првиот гол за Англија и така ја олесни работата на својата екипа.

Исклучително интересно сега изгледа неговиот твит од пред две години.

Магире тогаш се мачеше со составувањето на ламбата купена од очигледно во едно од продажните места на шведскиот ланец на продавници ИКЕА.

„Што туку поминав четири часа во составување на една ламба. Ќе и се одмаздама на шведската нација, без разлика дали тоа ќе биде во овој или следниот живот“, гласи твитот на Мегвајер од 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ ги одбра најдобрите пет фудбалери во светот, тројца доаѓаат од една држава

Во емисија за FOX Sports, Ибрахимовиќ ги одбра петте играчи кои ги смета за најдобри во св…