Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Новак призна: Би сакал Хрватска да го освои Мундијалот

Новак призна: Би сакал Хрватска да го освои Мундијалот

Србскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освен тенис сака да игра и фудбал.

Со оглед дека во тек е Мундијалот во Русија, тоа е во сите спортски кругови актуелна тема, па така прашањето за фоворит стигна и на адресата на Ѓоковиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој даде изјава за Спорт Клуб на прашањето дали го следи Мундијалот во Русија:

„Го следам. Малку помалку откако испадна репрезентацијата на Србија, но следам.“ – рече Ноле и додаде: „Навивам за Хрватска и се надевам дека тие ќе ја освојат титулата. Кој е прв фаворит? Тоа не знам, Првенството е непредвидливо. Аргентина и Германија се репрезентации кои пред четири години играа финале, а сега испаднаа.“

Да потсетиме, Ноле за сега доста добро игра на Вимболдон каде стигна до третото коло без никакви проблеми, а утре ќе игра против Едмундо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Јунајтед блиску до промоција на новиот тренер, но тоа нема да биде Оле Гунар Солшер

Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, екипата привремено ја п…