Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Одлични вести за Русија пред натпреварот против Хрватска

Одлични вести за Русија пред натпреварот против Хрватска

Денеска започнуваат четвртфиналните натпревари од Светското првенство.

Едно од најголемите изненадувања на Мундијалот е домаќинот Русија кој во осмина финалето го испрати дома поранешниот светски шампион Шпанија. Сега Русија ја очекува дуел против силната Хрватска, кој со четири победи успеа да се пласира во четвртфиналето.

А сега пристигнаа и добри вести за Русите. Имено, Алан Џагоев, еден од најдобрите руски фудбалери на овој турнир ќе биде спремен за натпреварот против Хрватска. Тој на првиот натпревар против Саудиска Арабија го повреди грбот, па ги пропушти следните три натпревари. Но, според неговите зборови ќе биде подготвен за најважниот натпревар на Русија до сега.

Натпреварот помеѓу Русија и Хрватска ќе се одигра утре од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…