Дома Фудбал НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете колку минути Нејмар лежеше на тревата во текот на Мундијалот

НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете колку минути Нејмар лежеше на тревата во текот на Мундијалот

Нејмар поради големите падови привлече големо внимание на Светкосто првенство.

На него беа направени голем број прекршоци, 23, но најскапиот фудбалер во светот максимално се трудеше добар дел од прекршоците да ги одглуми со што се тркалаше на тревата како да го прегазил воз.

Статистичарите го пресметаа времето кое Нејмар го помина лежејќи на тревата, а податокот кој го добиле е неверојатен. Вкупно лежел 13 минути и 50 секунди. Најмногу на тревата поминал во натпреварот против Мексико, вкупно 5 минути и 30 секунди, против Србија два минути, а против Швајцарија три минути и 40 секунди. Против Костарика беше на тревата два минути и 45 секунди.

Нејмар навистина е тешко да се запре и фаул е единствено решение. Сепак, очигледно е дека има и многу глума во него, што во неколку наврати го покажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…