Претседателот на Спортинг Лисабон ги објасни причините поради кои српскиот стручњак Синиша Михајловиќ доби отказ.
Михајловиќ на клупата на овој тим помина само девет дена. Со доаѓањето на новата управа беше одлучено да му се врачи отказ, а Србинот потоа побара оштета од 10 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот тврди дека Миха нема да ги добие тие пари и објасни зошто.
„Тој беше на проба од 15 дена и нема да му платиме 10 милиони евра.“
„Веднаш по доаѓањето почна да прави грешки. Бараше промена на тренинг кампот и зголемување на расходите за 300 илјади евра. Немам ништо против него, но тој е човек кој нема ниту еден трофеј. Беше одличен фудбалер и одлично ги изведуваше слободните удари, но тоа е се.“ – истакна претседателот на клубот.
Михајловиќ со сигурност нема да се откаже од парите и веројатно ќе ја бара правдата на суд.