Денес од 16:00 часот предпоследниот осминафинален натпревар го одиграа селекциите на Шведска и Швајцарија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова беше и осминафиналниот пар кој привлекуваше најмалку вниамние, а на крајот до победа стигна селекцијата на Шведска која триумфираше минимално со 1:0.
Слободно може да се каже дека гледавме досаден натпревар, посебно во првите 45 минути кога скоро и да не видовме посериозна прилика за погодок.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 66 минута. Форсберг упати удар надвор од шеснаесетникот, топката на патот до мрежата го погоди Швајцарецот Аканџи и заврши зад грбот на Зомер.
По овој погодок Швајцарија немаше избор и мораше да тргне во офанзива и по погодок.
Најголемата прилика Швајцарците ја пропуштија на десетина минути пред крајот на натпреварот. Но, на крајот не успеаа да дојдат до нивниот прв гол во осминафиналните натпревари (досега немаат постигнато гол), па Шведска се избори за четвртфинале.
Во последните моменти после една контра на Швеѓаните, фудбалерот на Швајцарија, Лонг заработи и исклучување.
Во четвртфиналето Шведска ќе игра подобриот од вечерашното последно осминафинале помеѓу Англија и Колумбија.