Дома Фудбал „Кога го постигнаа вториот гол, се видов во авионот“

„Кога го постигнаа вториот гол, се видов во авионот“

Белгијскиот дефанзивец Јан Вертонген е еден од јунаците на синоќешниот натпревар во пресвртот на Црвените ѓаволи против Јапонија во осминафиналето на СП.

Белгија губеше со 2:0 на средината од второто полувреме, но сепак до крајот на натпреварот успеа да направи пресврт и да се пласира во четвртфиналето.

Ветронген, кој го постигна првиот гол за својата репрезентација, после натпреварот изјави дека во еден момент се видел во авионот за Белгија, а исто така објасни и како дојде до тој чуден погодок.

„Беше тешко да го држиме фокусот после првиот гол кој го примивме, а кога ни дадоа и втор, веќе се видов во авионот. Што се однесува на мојот погодок, топката се преврте во воздухот, случајно ја удрив со глава и имав среќа да добие чуден пат и да падне во мрежата.“

Да потсетиме, Белгија сега ја очекува натпревар против Бразил за влез во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …