Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Конечно и официјално: Интер потпиша со третото засилување – се чекаат уште две!

Конечно и официјално: Интер потпиша со третото засилување – се чекаат уште две!

Клубот од Милано конечно го официјалзираше трансферот на Холанѓанецот.

Готово е! Заврши уште една сапуница во италијанскиот фудбал – Стефан Де Фрај потпиша за Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите детали од овој трансфер беа договорени уште од поодамна, а денес се беше официјализирано.

Де Фрај денес со Интер потпиша договор на пет години, а на „Џузепе Меаца“ пристигна како слободен фудбалер откако му истече договорот со тимот на Лацио.

Во претходните четири сезони за клубот од Рим, Де Фрај одигра 118 натпревари и постигна десет погодоци. Освои еден италијански Суперкуп.

Пред Де Фрај во Милано во овој преоден рок пристигнаа Раџа Наинголан од Рома и Матео Полиатано од Сасуоло, а прашање на денови можеби и часови кога ќе бидат официјализирани трансферите на Лаутаро Мартинез (Расинг) и Квадво Асамоа на кого му истече договорот со Јувентус.

Интер минатата сезона ја заврши на четвртата позиција и после шест години ќе игра во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…