Дома Останати Надал во пресрет на Вимблдон: Не дојдов тука како турист

Надал во пресрет на Вимблдон: Не дојдов тука како турист

Првиот рекет на светот, Рафаел Надал, истакна дека се надева дека може далеку дда стигне на овогодинешниот Вимблдон.

Шпанецот последен пат на овој турнир со трофеј се закити во 2010. година, кога во финалето беше подобар од Томаш Бердик, а една година подоцна го играше своето последно финале на Вимблдон во кое беше поразен од Новак Ѓоковиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Од тогаш, редовно на овој турнир беше елиминиран од разни аутсајдер како што се Лукаш Росол, Стив Дарикс, Дастин Браун…Изминатата година во осминафиналето го елиминираше Гилес Мулер од Луксембург.

„Се чувствувам фантастично. Очекувањата се како и секогаш големи. Не дојдов како турист, тука сум да направам добар резултат“, истакна првиот тенисер на светот.

Освен во 2010. година, Рафа со титула на Вимблон се закити и во 2008. година, кога во антологиското финале го совлада Роџер Федерер, а за овој меч и денес денес се раскажува како еден од најголемите дуели во историјата на самиот спорт.

„Денес гледам на тоа како оддамна минато време, но добрата работа е што и натаму сум тука. Не размислувам за тој меч секој ден, се фокусирам на моменталните работи. Сепак, секако дека е тоа финале беше голем важен чекор напред во мојата кариера“, истака Шпанецот и додаде:

„Беше тоа еден од најемотивните дуели кои сум ги одиграл. Сонував да го освојам Вимблдон, а бидејќи пред својата прва титула во 2008. година бев двапати поразен во финале од Роџер, таа година беше голема за мене“.

Шпанецот на Вимблдон пристигна по освоената титула на Ролан Гарос, а за противник во првото коло ќе го има Израелецот, Дуди Сел, во понеделник во попладневниот термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…