Германската репрезентација ја шокираше фудбалската јавност откако учеството на Мундијалот го заврши во групната фаза.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Заменик капитенот на репрезентацијата, Сами Кедира после враќањето во татковината изјави дека се уште не може да верува дека „панцирите“ испаднале во групната фаза.
„Никој од играчите на Мундијалот не дојде во топ форма, но не сакам сега да ги критикувам соиграчите. Моите игри беа неприфатливи. Во Јувентус ја имав можеби и најдобрата сезона во мојата кариера, а потоа дојдов на СП и одиграв очајно против Мексико и Јужна Кореја“, изјави Кедира.
„Се обидов да спијам после натпреварот, но не можев и постојано се будев. Чувствувам голема болка која се уште трае. Не можам да верувам дека турнирот трае уште две недели, а ние моравме да се вратиме дома“, додаде играчот за врска.