Дома Фудбал Батчуаи е хит – се пошегува на своја сметка!

Батчуаи е хит – се пошегува на своја сметка!

Белгискиот напаѓач Мичи Батчуаи покажа чувство за хумор и се пошегува на своја сметка, откако неговата прослава на голот против Англија стана хит.

После голот на Јанузај, напаѓачот на Челзи ја фати топката и повторно ја шутна одблизу во мрежата. За жал, тој ја погоди гредата, а топката се врати и го погоди во лицето.

Ситуацијата беше многу комична па веднаш стана вирална на социјалните мрежи, а Белгиецот и сам се пошегува на своја сметка.

„Вообичаените начини за прославување веќе се доста застарени. Требаше да измислам нешто ново“, напиша на Твитер Батчуаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балдини со татковски совет до Камарда: Головите не смеат да ти станат опсесија

Селекторот на Италија до 21 година откри како му помага на младиот напаѓач на Милан, а за …