Дома Фудбал Гери Невил со жестоки критики за Коларов: Направи криминална грешка!

Гери Невил со жестоки критики за Коларов: Направи криминална грешка!

Гери Невил ги коментира натпреварите на Мундијалот, а вчера ја прокоментира играта и на српските репрезентативци кои играат натпревар против Бразил.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, даде свое мислење за вчерашниот натпревар во кој Србија беше поразена од Бразил со 2:0 и така го заврши својот настап на Мундијалот.

Легендата на Манчестер Јунајтед испрати жестоки критики до капитенот на српската репрезентација, Александар Коларов. 

На Невил посебно му „засмета“ првиот гол на Бразилците кој го постигна Паулињо.

„Тоа беше криминална грешка. Не можете да му верувате како дефанзивец. Тој може да постигне гол или да асистира за четири, но може и да ве доведе во ситуација да примите 14. Го гледав и во Манчестер Сити години наназад. Тој е повеќе крило, отколку бек“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го посакува Гави, но Барселона не сака да слушне за продажба

Астон Вила ја разгледува можноста да го доведе Гави, но неговиот договор до 2030 година и …