Дома Останати Кошарка Видео: „Брадата“ блескаше, но Мајами го победи Хјустон!

Видео: „Брадата“ блескаше, но Мајами го победи Хјустон!

Мајами во својата „Американ арена“ славеше против фаворизираниот Хјустон со 109-103 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Мајами му нанесе изненадувачки пораз на Хјустон, победувајќи го со 109-103. Словенецот Драгиќ со 21 поени беше прво име кај домаќините, а кај „ракетите“ не помогнаа ниту 40 поени на Џејмс Харден. „Брадата“ реализира „трипл-дабл“ (40+12+10), но залудно кога тимот не го следеше.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во голема драма Далас стигна до победа на теренот на Чикаго со 98-99, а одлучувачките поени беа дело на Барнс.

Голема гостинска победа извојува и тимот на Денвер, кој славеше во „Стејпл центарот“ против Лос Анџелес Лејкерс со 121-127. Србинот Јокиќ со 29 поени беше прва „виолина“ во победничкиот табор.

Резултати:
Бруклин – Торонто 109-119,
Мајами – Хјустон 109-103,
Чикаго – Далас 98-99,
Сан Антонио – Минесота 122-114,
ЛА Лејкерс – Денвер 121-127

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем трејд во НБА лигата, Порзингис заврши кај Кари!

Последните денови пред крајот на преодниот период во НБА секогаш носат драматични трансфер…