За Јери Мина нема место во Барселона, не импресионираше минатата сезона, а проблем за Колумбиецот е и пасошот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барса размислува сега да го донесе Артуро од Гремио со што квотата за странците ќе биде исполнета. Една од варијантите за Мина беше позајмица, но од Барселона сакаат перманентен трансфер со цел да ги вратат парите кои ги дадоа на Палмеирас минатата година, околу 12 милиони евра.
Наводно, ќе прифатат и 10 милиони, иако синоќа ги израдува неговиот погодок против Полска.
Имено, Мина би можел да премине во ПЛ, а Тотенхем е клубот кој покажува најголем интерес за неговите услуги.