Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Јоаким Лев: Имавме среќа, но не се откажавме

Јоаким Лев: Имавме среќа, но не се откажавме

Селекторот на Германија, Јоаким Лев не го криеше задоволството од победата на „пацирите“ против Шведска, но призна дека неговиот тим имал среќа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Германија стигна до целосен пресврт против Шведска во последните минути од мечот со прекрасниот гол на Тони Крос од слободен удар.

„Ми се допадна што тимот не падна во паника после примениот гол. На полувремето се договоривме да се движиме повеќе за да го умориме противникот и да добиеме повеќе простор. Во второто полувреме нападнавме силно, иако дозволивме доста шанси на противникот“, истакна Лев.

„Тоа што сакам да го потенцирам е духот на тимот, кој ниту за момент не ја загуби надежта. Голот во судиското продолжение можеби е среќа, но тој немаше да се случи ако силно не верувавме во победа“, заклучи германскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Првиот човек на Мадрид жестоко по УЕФА: Вие не сакавте Атлетико да биде во финале! (Видео)

По елиминацијата на Атлетико од Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите, и градона…